8 бои за уредување ентериер кои се хит во 2025-та
Мока Мус која е прогласена за боја на годината, но и боја на лаванда која е идеална за во бањата.
Годинава најпопуларни се земјените нијанси кои лесно се комбинираат едни со други.
Бидејќи повеќето не се нападни, можат да бидат и доминантни бои во ентериерот.
Кои бои за ентериер се хит годинава?
Мока Мус
Мока Мус е бојата на 2025-та според Pantone и секако дека ќе се најде на листата.
Богатата нијанса може да делува како основа на целата просторија, а да акцентирате со потемна боја.
Црвена како домат
Додека може да биде малку нападна како основа во мала просторија, црвената како домат е одлична за акцентирање.
Може да го разбие монотониот ентериер и да ѝ даде живост н просторијата.
Портокалова
Во овој случај станува збор за нијансата позната како dusty orange која е малку потемна од „класичната“ портокалова.
Нијансата делува мошне пријатно и му дава топлина на просторот, а можете да ја користите и како доминантна боја во ентериерот.
Пастелна зелена
Зелената има релаксирачко дејство, а пастелната нијанса која е хит годинава е одлична ако не сакате нешто многу дречливо.