9 детали во уредувањето за кои веројатно ќе зажалите (и зошто)
Отворени полици во кујната
И во овој случај ќе треба често да ги пребришувате предметите на полиците.
Покрај тоа, отворените полици изгледаат многу похаотично и потешко е да ги одржувате уредни.
Скапа када со додатоци како џакузи
Кој не би сакал да има џакузи и ако имате поголем буџет за бањата, можеби ќе помислите да купите када со ваква опција.
Но, ова не е најдобар избор.
Чистењето на овие кади е тешко, а не смеете да го запоставите бидејќи може да настане мувла поради влагата.
Кревет на платформа
Најпрво, многу е веројатно дека често ќе се удирате од големата дрвена платформа.
Покрај тоа, ќе биде невозможно да исчистите под креветот без да го помрднувате (а сигурно ќе биде многу тежок).
„Обичните“ кревети не само што се попрактични, туку просторот под нив можете да го користите и за складирање.
Гардеробери со огледала на вратите
Несомнено, овие гардеробери изгледаат убаво и визуелно го зголемуваат простор.
Но, на нив речиси постојано ќе имате отпечатоци од прсти и ќе треба да ги чистите многу често.
Ако немате место за ѕидно огледало, тогаш ставете на само една врата од гардероберот.
Црн мермер во кујната или бањата
Слично како темните плочки што ги спомнавме погоре, и црниот мермер е како магнет за бигор и ќе треба да го чистите скоро секој ден.
Спирова С. | Црнобело