9 детали во уредувањето за кои веројатно ќе зажалите (и зошто)

Тепихот пред влезната врата постојано ќе биде извалкан, а истото важи и за стаклената маса во дневната.

9-detali-vo-ureduvanjeto-za-koi-verojatno-kje-zazhalite-i-zoshto-01.jpg

Некои парчиња мебел несомнено изгледаат стилски, но откако ќе ги ставите во домот, сфаќате дека не се практични и само ви создаваат работа.

Неколку детали во уредувањето кои треба да ги избегнувате:

Тепих пред влезната врата

Тепихот можеби ќе ја апсорбира прашината од чевлите за да не ја разнесувате низ домот, но од друга страна, неизбежно е да го извалкате со кал или што било друго од надвор.

За оваа намена, многу е подобро да ставите мала черга која лесно можете да ја исперете во машина.

9-detali-vo-ureduvanjeto-za-koi-verojatno-kje-zazhalite-i-zoshto-02.jpg

Бели или темни плочки во бањата

На белите плочки ќе се познава секоја дамка, па ќе треба да ги чистите секој ден.

На темните, пак, ќе се познава бигорот, па и нив ќе треба да ги чистите секој ден.

9-detali-vo-ureduvanjeto-za-koi-verojatno-kje-zazhalite-i-zoshto-03.jpg

Стаклена масичка во дневната

Невозможно е да ја одржувате стаклената маса беспрекорно чиста, бидејќи доволно е да ја допрете со прст за на неа да остане отпечаток.

Многу поедноставно е во дневната да ставите дрвена масичка која е доволно да ја пребришете само еднаш дневно.

9-detali-vo-ureduvanjeto-za-koi-verojatno-kje-zazhalite-i-zoshto-04.jpg

Оставање простор над кујнските шкафчиња

Дури и да го користите овој простор за складирање, ќе треба редовно да бришете прашина, а со тоа да ги пребришувате и работите што ќе ги чувате таму.

Многу подобро е шкафчињата да допираат до таванот.

9-detali-vo-ureduvanjeto-za-koi-verojatno-kje-zazhalite-i-zoshto-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Спој на луксуз и свежина – Идеи како да ја уредите бањата со зелени плочки (фото) Зелената боја смирува, а лесно се вклопува во бањата бидејќи изгледа одлично со ...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
Работи во домот заради кои гостите ќе ве озборуваат како неуредна личност Исчистете ги влакната од миленичињата, соберете го презреаното овошје. На кои де...
20 идеи како да додадете топлина и модерен изглед во домот со дрвени панели (фото) Изгледаат одлично како декорација на мал дел од ѕидот, но слободно можете да пре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg