Идеи за декорирање со кои ќе ја внесете пролетта во домот, без многу пари

Свежо цвеќе, мирисливи свеќи и декортивни перници со „весели“, пролетни мотиви...

idei-za-dekoriranje-na-domot-ovaa-prolet-so-koi-kje-vnesete-dopolnitelna-svezhina-bez-da-potroshite-mnogu-pari-01.jpg

Природата полека се буди од зимскиот сон, па време е да го наполните вашиот животен простор со свежината на сезоната која ни претстои.

Инспирирајте се, дозволете си да бидете и креативни, па разбудете го секој ќош во домот со следниве идеи:

Свежо цвеќе

Започнете ја вашата пролетна декорација со цвеќиња во различни бои. Изберете вазни кои одговараат на вашиот стил, па додајте букет лалиња, маргаритки или рози.

idei-za-dekoriranje-na-domot-ovaa-prolet-so-koi-kje-vnesete-dopolnitelna-svezhina-bez-da-potroshite-mnogu-pari-02.jpg

Мирисливи свеќи со цветни ноти

Кажете им збогум на зимските тешки мириси и посакајте им топло добредојде на освежувачките ароми на пролетта. Како што се менуваат годишните времиња, така се менува и расположението во домот.

Изберете свеќи со арома на свежо исечена трева, расцветани цвеќиња или цитрусни ноти. Создајте си атмосфера во која целосно ќе уживате.

idei-za-dekoriranje-na-domot-ovaa-prolet-so-koi-kje-vnesete-dopolnitelna-svezhina-bez-da-potroshite-mnogu-pari-03.jpg

Разиграни навлаки за перници

Време е да ги тргнете темните бои и да внесете свежина во домот така што ќе изберете поразиграни и пошарени навлаки за перници.

Од цветни дезени, до различни шарени принтови, дозволете им на перниците да ја раскажат приказната за новата сезона.

Со само мала промена на навлаките, веќе ќе ги внесете живите бои на пролетта во вашиот дом.

idei-za-dekoriranje-na-domot-ovaa-prolet-so-koi-kje-vnesete-dopolnitelna-svezhina-bez-da-potroshite-mnogu-pari-04.jpg

Мебел од ратан

Без разлика дали станува збор за столче од ратан, маса или цел сет, природните материјали во домот ќе внесат дополнителна удобност.

idei-za-dekoriranje-na-domot-ovaa-prolet-so-koi-kje-vnesete-dopolnitelna-svezhina-bez-da-potroshite-mnogu-pari-05.jpg

Додајте саксии со различно зеленило

Саксиите со свежо зеленило ќе ви дадат одлична смирувачка атмосфера и ќе ви ја донесат посакуваната свежина во домот.

idei-za-dekoriranje-na-domot-ovaa-prolet-so-koi-kje-vnesete-dopolnitelna-svezhina-bez-da-potroshite-mnogu-pari-06.jpg

Продолжува на следната страница ..



Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg