9 трендови за уредување што ќе доминираат во 2024-та
3Д уметност на ѕидовите
Покрај тапетите, доста популарен детаљ се и скулптурите, односно 3Д уметничките дела кои му додаваат димензија на просторот.
Уште подобро ако се изработени од природни материјали, како дрво.
Сини нијанси
Сината боја станува сè почест избор за ентериер, без разлика дали е доминантна во просторот или само на некои детали.
Притоа, одлично се вклопува со другите „природни“ нијанси како зелена и кафеава и создава мошне пријатна атмосфера.
Мултифункционални елементи
Кога ќе се земе предвид дека луѓето почесто купуваат помали домови, не е ни чудно што популарноста на мултифункционалните елементи се зголемува.
Кауч кој се пушта, масички со полица или фиока, работно биро и трпезариска маса во едно – денес постојат безброј опции кои ќе ви помогнат максимално да го искористите просторот.
А притоа, голем дел од овие елементи се со навистина убав дизајн.
Мермерни површини
Мермерот е класика кога станува збор за уредување, но дизајнерите забележале дека годинава станува уште попопуларен.
Мермерните површини му даваат доза луксуз на просторот, а притоа се издржливи.
Акцентирање со бои
Годинава многу популарни стануваат деталите во домот со впечатливи бои, обично инспирирани од скапоцени камења.
Можете да направите драстична разлика во изгледот на просторот со перничиња со боја на сафир или, пак, масичка со боја на смарагд во дневната.
Спирова С. | Црнобело