Трендови за уредување на домот кои е најдобро да ги избегнувате
Отворени полици, генерички уметнички дела и скапи сезонски декорации – Кои трендови за уредување не се најпрактични и е подобро да ги избегнувате?
Трендовите за уредување на домот се менуваат мошне брзо и дизајнерите генерално советуваат да не се потпираме само на нив.
Трендовите се минливи, а дел нив иако можеби изгледаат убаво, не се најпрактични.
Што е најдобро да избегнувате кога го уредувате домот, според дизајнери на ентериер?
Отворените полици се тешки за одржување
Иако отворените полици се популарни, не заборавајте дека ќе треба постојано да ги чистите од прашина.
Покрај тоа, полиците ќе мора секогаш да бидат уредно организирани за просторијата да не изгледа натрупано.
Големиот мебел визуелно ја смалува просторијата
Ако имате огромна дневна, слободно ставете и поголем мебел.
Но, во повеќето случаи најдобро е да го избегнувате многу големиот мебел бидејќи ја прави просторијата визуелно помала, а просторот може да изгледа натрупано.
Избегнувајте неонски бои
Иако можат да го освежат просторот, најдобро избегнувајте ги неонските бои.
Од една страна, можат да бидат тешки за комбинирање со други бои и елементи, а од друга – можат да бидат и премногу нападни.
Кога станува збор за уредување на домот, експертите препорачуваат да се држите до понеутрални нијанси.
Избегнувајте налепници на ѕидовите
Налепниците се едноставен начин да ги украсите ѕидовите.
Но, дизајнерите препорачуваат да ги прескокнете и, доколку навистина сакате да ставите нешто на ѕидот, многу подобро ќе изгледа некој мурал наместо налепница.
Муралите траат подолго, додека налепниците можат да избледат, да почнат да се одлепуваат…