Трендови за уредување на домот кои е најдобро да ги избегнувате
Генерички уметнички дела
Уметничките дела во домот треба да го отсликуваат вашиот карактер.
Наместо да купувате генерички украси, слики и слично што ги има во сечиј дом, украсете го просторот со работи кои вам ви значат.
Со ова ќе додадете свој печат во домот и ќе се чувствувате многу попријатно.
Не вреди да трошите многу пари на сезонски декорации
Кога купувате сезонски декорации, потрудете се да вложите во работи кои ќе ви траат и ќе можете да ги користите и следната година.
Не претерувајте со мебел од ратан
Иако мебелот од ратан му дава топлина на просторот, не треба да претерувате.
Доволно е да имате еден, најмногу два елемента од ратан во просторијата.
Овој мебел треба да го дополнува ентериерот, а не да биде акцент на просторијата.
Немојте да користите само една боја
Ако користите само една боја, како бела, просторијата ќе изгледа „студено“ и монотоно.
Во ред е ако сакате да имате една „главна“ боја, но потрудете се да вметнете елементи и со други бои и текстури.
Спирова С. | Црнобело