Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари?
Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел од триковите со кои ќе додадете доза луксуз во домот, без да потрошите цело богатство.
Не секој има пари за скап и луксузен мебел. Но, само затоа што сте со ограничен буџет, не значи дека не можете да го претворите домот во луксузна оаза.
Според дизајнер на ентериер, доволно е да обрнете внимание на следниве ситници:
Завеси од подот до таванот
Долгите завеси создаваат илузија на повисок простор. Со ова и прозорците ќе изгледаат поголеми, а целата соба – полуксузно.
Ставете огледала
И огледалата создаваат илузија на поширок простор, а додаваат и доза луксуз.
За подобар ефект, поставете ги спроти прозорец или некое уметничко дело.
Три извори на светлина
Наместо да давате многу пари за раскошни и скапи лустери, потрудете се во просторијата да има три извори на светлина.
И, за ова нема потреба да трошите цело богатство.
Доволно е да ставите минималистички лустер, некоја подна ламба, а можете да додадете и мали сијалички.
Искористете винтиџ мебел
Винтиџ мебелот се враќа во мода, па зошто да не го искористите ова?
Ако веќе имате стар мебел во добра состојба и со убав дизајн, доволно е само да го префарбате.
Можете и да купите нешто на старо, но и да проверите во домот на родителите ако има нешто што не им треба, а изгледа добро.