Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари?
Заменете ги рамките на сликите и фотографиите
Уметничките дела секогаш додаваат луксуз во домот, уште повеќе ако се врамени во стилски рамки.
Додајте детали од луксузни материјали
Наместо да купувате скап мебел, дајте повеќе пари само за 2-3 детали.
На пример, купете квалитетно меко ќебе за во дневната, перници од поквалитетен материјал и слично.
Притоа, потрудете се да комбинирате разни материјали.
Во кујната, вложете во ситниците
Наместо да купувате скапи елементи за кујната, можете да земете нешто поевтино, а потоа да ги замените рачките со поскапи и поквалитетни.
Вреди и да дадете повеќе пари за квалитетна чешма која не само што ќе изгледа полуксузно, туку и ќе ви трае подолго.
Додајте зеленило во домот
Зелените растенија се луксузен детаљ во домот кој сигурно можете да си го дозволите.
Прават огромна разлика во просторот, некои од нив го прочистуваат воздухот, а дефинитивно ќе ви бидат и забавно хоби.
Исчистете го нередот
Дури и најскапиот дом ќе изгледа лошо ако не е среден.
Ако имате многу предмети кои не сакате да ги фрлате, купете кутии за складирање и распоредете ги во нив.
Спирова С. | Црнобело