Трикови со кои визуелно ќе ја зголемите и најмалата кујна
Ставете високи столчиња, закачете огледало на еден ѕид и заменете го големиот лустер со што е можно посуптилен – можете визуелно да ја зголемите кујната без да менувате многу работи во неа.
Ако имате мала кујна, доволно е да промените само некои детали за да ја направите визуелно поголема.
Неколку трикови што ќе ви помогнат во ова:
Ставете украси врз шкафчињата
Ако имате празен простор над шкафчињата, не го оставајте празен, туку искористете го за украси.
На овој начин ќе привлечете внимание кон горниот дел на кујната, па просторот ќе изгледа повисоко.
Ставете огледало
Добро познат факт е дека огледалата создаваат илузија на поширок простор.
Па размислете каде можете да вметнете огледало во малата кујна.
Ставате високи столчиња
Наместо „обични“ столови, во малата кујна многу подобро изгледаат високите, бидејќи зафаќаат помал простор, па прават кујната да изгледа поголема.
Освежете ги плочките (без да ги менувате)
Денес постојат бои за плочки со кои можете лесно да ја трансформирате кујната.
Ако имате многу темни плочки, можете да ги офарбате со посветла нијанса која ќе го „отвори“ простор.
Или, ако имате еднобојни плочки, можете да додадете хоризонтални линии со друга нијанса кои имаат сличен ефект како светлите бои.