Ситници со кои ќе му дадете стилски изглед на домот, без многу труд
Отворени полици
Ако имате многу книги, искористете ги како декорација во домот.
Полиците со книги секогаш му даваат посебен шарм на просторот.
Перници на подот
Ако просторијата ви изгледа празно, големите перници за седење можат да бидат одличен детаљ.
Овие перници се одлични и за помали простории, каде што табуретките ќе направат просторот да изгледа натрупано.
Проѕирен сад за сапун
Со многуте продукти што ги чуваме во бањата, просторот лесно може да изгледа натрупано.
Затоа, проѕирните садови за сапун ќе се вклопат одлично.
Истиот трик можете да го искористите и во кујната - ставете го сјајот за садови во стилски проѕирен сад.
Држач за чадори и подна закачалка во ходникот
Ходникот ќе изгледа многу подобро ако чадорите се уредно наместени во посебен држач.
Друг детаљ што може да го разубави ходникот е подната закачалка.
Спирова С. | Црнобело