Ситници со кои ќе му дадете стилски изглед на домот, без многу труд
Ако имате мала дневна соба, ставете големи перници на подот наместо табуретки и слободно комбинирајте различни материјали во домот.
Ако сакате да му дадете постилски изглед на домот, доволно е да замените неколку ситници.
Совети што ќе ви помогнат во ова:
Брави
Излупените и скршени брави имаат огромно влијание врз изгледот на домот.
Што значи, доволно е само да ги замените за да забележите позитивна разлика.
Комбинирајте различни материјали
Слободно експериментирајте со разните материјали.
На пример, ако имате кожена гарнитура, ставете на неа перници или памучно ќебе.
На дрвените масички, пак, ставете детали од друг материјал, како метал.
Винтиџ тепих
Ако останатите елементи во просторијата се еднобојни, можете значително да го освежите целокупниот изглед со шарен винтиџ тепих.
Бели столни ламби
Светлото е особено важно во секоја просторија, но важен е изгледот на ламбите.
Белите столни ламби со минималистички дизајн лесно се вклопуваат во секој ентериер, а секогаш изгледаат стилски.