На гости кај Ана Најдовска: Стан на Македонка во Осло, уреден во скандинавски стил со хиге елементи (фото)
Во станот најмногу ми се допаѓа тоа што има отворен простор и огромни прозорци кои овозможуваат да имаме голема количина на природна светлина во текот на денот, а тоа е доста препознатливо кај скандинавскиот стил на станови.
Ако нешто морам да издвојам како впечатливо, тоа е дефинитивно мермерната масичка за кафе, која ми беше првото парче мебел што бев сигурна дека сакам да го има во нашиот дом.
И мислам дека токму оваа масичка ѝ дава посебен шарм на дневната просторија.
Кујната која можам да кажам дека ми е омилена, и е во песок боја, изгледа навистина софистицирано и елегантно. Поминувам доста време тука, па така важно ми е да ми биде убаво.
Често додавам декоративни парчиња со дрво боја и цвеќе, кои даваат чувство на топлина и живост.