На гости кај Стефанија: Стан во Скопје во кој доминира розовата боја и слики што се семејно наследство (фото)

„Станот е купен со макотрпен труд, пот, работа и целиот е уреден по мои желби и правила. Ја одбрав розовата боја како нешто што ме отсликува мене. Сликата на татко ми е еден од главните детали во дневната соба“, споделува Стефанија Трајческа од Скопје за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-stefanija-stan-vo-skopje-vo-koj-dominira-rozovata-boja-i-fotografiite-koi-se-semejno-nasledstvo-foto-01.jpg

Стефанија Трајческа , дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор, основач и управител на првиот центар во Македонија за рана интервенција и стимулација на деца и возрасни, живее во стан од околу 50m2, кој се наоѓа скопската населба Кисела Вода.

Станот е купен со многу работа и труд, па затоа и уредувањето на истиот го направила според своите желби, соништа и замисла.

За уредувањето на нејзиниот дом Стефанија открива за CRNOBELO.com:

„Кога се работи за дом и Стефи, мора да биде свежо, бело, светло, мирно и љубено. 

na-gosti-kaj-stefanija-stan-vo-skopje-vo-koj-dominira-rozovata-boja-i-fotografiite-koi-se-semejno-nasledstvo-foto-06.jpg

Имам многу хаотичен живот и кога ќе дојдам дома, сакам да ми биде мирно и топло.

na-gosti-kaj-stefanija-stan-vo-skopje-vo-koj-dominira-rozovata-boja-i-fotografiite-koi-se-semejno-nasledstvo-foto-08.jpg

Најмногу уживам на мојата тераса, која е направена за мој мир.

na-gosti-kaj-stefanija-stan-vo-skopje-vo-koj-dominira-rozovata-boja-i-fotografiite-koi-se-semejno-nasledstvo-foto-13.jpg

Станот е купен со макотрпен труд, пот, работа и целиот е уреден по мои желби и правила.

na-gosti-kaj-stefanija-stan-vo-skopje-vo-koj-dominira-rozovata-boja-i-fotografiite-koi-se-semejno-nasledstvo-foto-10.jpg

Секој агол е запазен, исполнет со најмодернистички детали, испреплетени со традиција. 

na-gosti-kaj-stefanija-stan-vo-skopje-vo-koj-dominira-rozovata-boja-i-fotografiite-koi-se-semejno-nasledstvo-foto-12.jpg

Ја одбрав розовата боја како нешто што ме отсликува мене.

na-gosti-kaj-stefanija-stan-vo-skopje-vo-koj-dominira-rozovata-boja-i-fotografiite-koi-se-semejno-nasledstvo-foto-05.jpg

Кога се спомнува Стефи мора да биде розово, па не постоеше шанса да се испушти и кога се работи за мојот дом.

na-gosti-kaj-stefanija-stan-vo-skopje-vo-koj-dominira-rozovata-boja-i-fotografiite-koi-se-semejno-nasledstvo-foto-07.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Александра: Празнично украсен стан во Скопје, во кој е накитено дури и во кујната (фото... „Традиционално, украсувањето во мојот дом започнува од нејзиното височество - ел...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg