На гости кај Софија Јанева: Стан од 84m2 со мермерен шанк и „walk-in“ гардеробер (фото)
Второ омилено катче ми е секако масата за шминкање.
Еден интересен факт за мене е што обожавам убави парфеми и имам колекција со над 40 различни парфеми, па затоа оние што ги користам секојдневно ми стојат на оваа маса.
Кога сме кај парфеми, морам да признаам дека ги обожавам и лосионите/спрејовите за тело од Victoria Secret и Bath and Body Works, а тие ми стојат во тоалетот бидејќи постојано ги користам после туширање.
Последната соба во нашиот стан е нашата домашна канцеларија.
Кога биравме стан задолжително беше да има работна соба затоа што и јас и дечко ми голем дел од времето работиме од дома.
Во спалната најважно ни беше да има чувство на удобност.
Низ домот имаме розови детали, пампас трева и интересни вазни и украси.