На гости кај Софија Јанева: Стан од 84m2 со мермерен шанк и „walk-in“ гардеробер (фото)

„Кога биравме стан најважно ни беше да биде пред сè на добра локација, светол и функционален. Моето омилено катче од станот се наоѓа во спалната соба, а тоа е „walk-in“ гардероберот. Како личност што обожава чанти, потпетици, капи и аксесоари овој гардеробер ми е остварување на соништата“, споделува инфлуенсерката Софија Јанева за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-sofija-janeva-stan-od-84m2-so-mermeren-kujnski-shank-i-walk-in-garderober-01.jpg

Софија Јанева e наша инфлуенсерка со повеќе од 29.000 следбеници на нејзиниот Инстаграм профил, каде споделува детали од своите патувања, но и секојдневие.

Таа вели дека од неодамна го има својот дом од соништата.

Станува збор за стан од 84m2 во општина Центар во Скопје, во кој живее заедно со нејзиниот дечко.

Станот е хармонично уреден, а во него преовладуваат светлите тонови.

За уредувањето на нејзиниот дом Софија открива за CRNOBELO.com:

„Кога биравме стан најважно ни беше да биде пред сè на добра локација, светол и функционален.

na-gosti-kaj-sofija-janeva-stan-od-84m2-so-mermeren-kujnski-shank-i-walk-in-garderober-02.jpeg

Пример, во кујната сите апарати за домаќинство се вградени и не се гледаат, а тоа не само што придонесува кујната да има минималистички и модерен изглед, туку е многу полесно за чистење и одржување.

na-gosti-kaj-sofija-janeva-stan-od-84m2-so-mermeren-kujnski-shank-i-walk-in-garderober-16.jpeg

na-gosti-kaj-sofija-janeva-stan-od-84m2-so-mermeren-kujnski-shank-i-walk-in-garderober-04.jpeg

Најомилениот дел во кујната ми е мермерниот остров со шанк столчиња што редовно ги користиме, посебно кога сме во брзање и сакаме брз појадок или кога дечко ми ги прави неговите врвни коктели.

na-gosti-kaj-sofija-janeva-stan-od-84m2-so-mermeren-kujnski-shank-i-walk-in-garderober-03.jpeg

Дневната си има свој посебен шарм, а трпезаријата е најсветлиот дел од станот.

na-gosti-kaj-sofija-janeva-stan-od-84m2-so-mermeren-kujnski-shank-i-walk-in-garderober-17.jpeg

Моето омилено катче од станот се наоѓа во спалната соба, а тоа е „walk-in“ гардероберот.

na-gosti-kaj-sofija-janeva-stan-od-84m2-so-mermeren-kujnski-shank-i-walk-in-garderober-13.jpeg

Како личност што обожава чанти, потпетици, капи и аксесоари овој гардеробер ми е остварување на соништата.

na-gosti-kaj-sofija-janeva-stan-od-84m2-so-mermeren-kujnski-shank-i-walk-in-garderober-15.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg