На гости кај Тања: Стан во Охрид од 110m2 со застаклена тераса и многу цвеќиња (фото)
- Детали
- сабота, 25 февруари 2023
„Уредувањето на станот го правевме заедно со сопругот. Па, така се одлучивме во него да преовладуваат светли бои и топли тонови. Сакам свежи букети или саксиски цвеќиња бидејќи внесуваат свежина и радост во домот“, споделува Тања Митаноска (47), учителка од Охрид, за CRNOBELO.com.
Тања Митаноска (47) е учителка од Охрид, сопруга на Сашо и мајка на Виктор (18) и Јован (15) години.
Нејзиниот дом е стан во центарот на Охрид со површина од 110 метри квадратни.
Тања за уредувањето на нејзиниот дом споделува за CRNOBELO.com:
„Домот е местото каде што секој од нас се чувствува опуштено, пријатно и спокојно. Тоа е нашата мала оаза на мирот каде што секој ден после работа, училиште или факултет наоѓаме мир и одмор.
Уредувањето на станот го правевме заедно со сопругот. Па, така се одлучивме во него да преовладуваат светли бои и топли тонови.
Изборот на потопла неутрална нијанса на ѕидовите дава чувство на смиреност во просторот и поубава атмосфера и ги поврзува другите елементи во него.
Мебелот е едноставен и е во неутрални бои што му дава комфор, топлина и удобност на домот.
Овој стил дозволува оживување на просторот и негов целосен карактер со вметнување различни додатоци и украси.
Па, така често правам трансформации во домот, каде се трудам просторот да биде збогатен и разубавен со повеќе детали и декорации, соодветни на пригодата.
Декорациите ги купувам или сама ги изработувам. Идејата за едноставните „направи сам“ проекти ја добивам од Пинтерест или Инстаграм во кои внесувам малку моја фантазија и труд.