На гости кај Тања: Стан во Охрид од 110m2 со застаклена тераса и многу цвеќиња (фото)
Сакам свежи букети или саксиски цвеќиња бидејќи внесуваат свежина и радост во домот. Па, така често имам букет свежо цвеќе од градината на мајка ми или си купувам.
Бидејќи хоби ми е фотографирање, покрај тоа што фотографирам убави места и природа, фотографирам и во домот декорации или храна односно десерти кои сакам да ги подготвувам.
Омилено катче во домот ми е терасата која често ја преуредувам во зависност од расположение, претстојни празници или годишно време.
Терасата со оглед на тоа што е застаклена, во функција е преку цела година и токму таму уживам во првото утринско кафе, добра книга или чаша вино во друштво на сопругот.“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело