На гости кај Даниел: Стан во срцето на Дебар Маало со впечатлива кујна и поглед кон Водно (фото)
Има одлична природна светлина преку ден, погледот од работната маса е ориентиран кон Водно и тука ми се сите книги, прототипи од ламби кои ги имам дизајнирано во минатото, мала колекција на керамички вазни што ги имам направено за време на пандемијата, и предмети од патувања.
Омилено парче мебел ми е дрвената комода, што се наоѓа во спалната соба, и е преработен винтиџ елемент од 70-тите Скопје, што има скриен грамафон.
Првичните сопственици сакаа да го фрлат, не беше во добра состојба, офарбан беше цел црн. Но јас кога го видов, веднаш му фрлив око и знаев дека доколку се извади бојата, ова парче ќе добие втор живот.
Во комбинација со амбиенталниот ентериер во спалната, што е темна петролеј, веднаш додаде живот и смисла на носталгија кон старото Скопје.“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело