На гости кај Ана: Светол стан на Македонка во Норвешка, родната земја на нејзиниот сопруг фудбалер (фото)

Таму си го пијам утринското кафе, па важно ми е да ми биде убаво.

na-gosti-kaj-ana-svetol-stan-na-makedonka-vo-norveshka-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug-fudbaler-foto-03.jpg

Ако нешто морам да одвојам како впечатливо, тоа е дефинитивно големиот црн ѕиден часовник, кој совршено се вклопува во трпезарискиот дел.

na-gosti-kaj-ana-svetol-stan-na-makedonka-vo-norveshka-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug-fudbaler-foto-19.jpg

Тука поминувам исто така голем дел од денот бидејќи на трпезариската маса најчесто работам на мојот лаптоп.

na-gosti-kaj-ana-svetol-stan-na-makedonka-vo-norveshka-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug-fudbaler-foto-05.jpg

Кујната е едноставна, бела и практична. Уживам да готвам, за кујната најважно ми е да имам доволно работен простор и место за сите кујнски апарати.

na-gosti-kaj-ana-svetol-stan-na-makedonka-vo-norveshka-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug-fudbaler-foto-20.jpg

Мојата ќерка Оланна во овој стан, за жал, нема нејзина посебна соба, но има нејзино катче во спалната соба каде што јас сакам најмногу да поминувам време со добра книга, додека таа игра со нејзината детска кујна.

na-gosti-kaj-ana-svetol-stan-na-makedonka-vo-norveshka-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug-fudbaler-foto-26.jpg

Тука има голем прозорец и убава светлина и навистина уживаме кога поминуваме време таму.

na-gosti-kaj-ana-svetol-stan-na-makedonka-vo-norveshka-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug-fudbaler-foto-28.jpg

Би сакала да го споделам фактот дека овој стан е стан во кој живееме под кирија, и доколку јас би бирала мебел би избрала сосема друг стил, но моментално сме во фаза на уредување на нашиот стан (кој досега го издававме) каде што ќе можеме да се преселиме.

na-gosti-kaj-ana-svetol-stan-na-makedonka-vo-norveshka-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug-fudbaler-foto-25.jpg

Во тој стан ќе преовладуваат неутралните и светли тонови. Се надевам дека наскоро ќе имате можност да ѕирнете и таму.“

Повеќе фотографии на следната страна...


Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg