На гости кај Сузана: Семејна куќа во Охрид oд 600m2 со ограда од ковано железо и неокласичен стил (фото)
- Детали
- сабота, 10 декември 2022
„Идејата за стилот (неокласика) и целокупниот ентериер е моја во консултација со мојот сопруг. Имаме 4 спални соби или со други зборови 3 детски соби и една спална соба која ја делиме јас и мојот сопруг. Секоја спална соба има свое купатило. Идејата ми беше секој да си има своја приватност. За нас главен и многу практичен влез е оној преку гаражата, која е дел од подрумот“, споделува Сузана Бакреска (42) од Охрид за CRNOBELO.com.
Сузана Бакреска (42) е мајка на три деца сопруга и бизнисмен и во моментов живее со нејзиниот сопруг Наум и синот Јован во Охрид, населба Охридати, додека нејзините две ќерки се во Канада на факултет.
Нејзиниот дом е двокатна куќа од 600m2, уредена во неокласичен стил и прилагодена за 5-члено семејство.
Сузана за уредувањето на нејзиниот дом открива за CRNOBELO.com:
„Живееме во куќа која е многу функционална и која е изградена за потребите на моето петчлено семејство. Куќата е на два ката и има подрум.
Првиот кат е од отворен тип. На самиот влез во претсобјето се наоѓаат гостинскиот тоалет и мојата канцеларија која сè уште е недовршена.
Овој дел е дискретно одделен од гостинската соба со двокрилна француска врата која постојано е отворена и води до фамилијарната соба, кујната и терасата кои се наоѓаат на задниот дел од куќата.
Морам да нагласам дека главниот влез многу ретко го користиме.
За нас главен и многу практичен влез е гаражата, која е дел од подрумот. Поврзана е со претсобјето на подрумот каде се наоѓаат големи плакари наменети за секојдневните обувки и јакни.
Во подрумот имаме уште две големи соби. Едната е теретана а другата винарија. Подрумот со првиот кат е поврзан со внатрешни скали кои водат до кујната.