На гости кај Валентина: Стан во Прилеп од 89m2 со многу огледала и семејни спомени (фото)

„Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила четирипати. Никогаш не ги заменувам старите работи со нови. На некои стари работи сум направила преправки, па сум ги претворила во нови, а на тоа сум додала нешто ново, но не сум ги фрлила...“, споделува за CRNOBELO.com Валентина Ѓорѓиоска (50), која живее во Прилеп во населбата „Димо Наредникот“.

na-gosti-kaj-valentina-stan-vo-prilep-od-89m2-so-mnogu-ogledala-i-semejni-spomeni-foto-01.jpg

Валентина Ѓорѓиоска (50) , мајка на Тадеј (16) и Теа (29 ) и баба на Неа (3), работи како како мејкап стилист во фризерско-козметичко студио и живее во Прилеп во населбата „Димо Наредникот“ во стан од 89m2 на 5-ти кат.

Нејзиниот дом е одраз на нејзиниот карактер и полн е со креативни детали, дел од кои се и нејзина изработка.

За уредувањето на нејзиниот дом Валентина открива за CRNOBELO.com:

„Идеите за внатрешно уредување сум ги имала отсекогаш и мислам дека чувството за естетика сум го наследила од мојот татко.

na-gosti-kaj-valentina-stan-vo-prilep-od-89m2-so-mnogu-ogledala-i-semejni-spomeni-foto-08.jpg

Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила четирипати. 

na-gosti-kaj-valentina-stan-vo-prilep-od-89m2-so-mnogu-ogledala-i-semejni-spomeni-foto-15.jpg

Никогаш не ги заменувам старите работи со нови.

na-gosti-kaj-valentina-stan-vo-prilep-od-89m2-so-mnogu-ogledala-i-semejni-spomeni-foto-03.jpg

На некои стари работи сум направила преправки, па сум ги претворила во нови, а на тоа сум додала нешто ново. 

na-gosti-kaj-valentina-stan-vo-prilep-od-89m2-so-mnogu-ogledala-i-semejni-spomeni-foto-09.jpg

Никогаш не сум сакала домот да изгледа како музеј, туку да се чувствува една топлина и позитивна енергија.

na-gosti-kaj-valentina-stan-vo-prilep-od-89m2-so-mnogu-ogledala-i-semejni-spomeni-foto-16.jpg

na-gosti-kaj-valentina-stan-vo-prilep-od-89m2-so-mnogu-ogledala-i-semejni-spomeni-foto-02.jpg

Освен тоа што внатрешното уредување е моја пасија, исто така рачно дообработувам обувки со украси и ги правам необични. 

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...
На гости кај Симона: Стан на Македонка во мало, германско гратче покрај Боденското Езеро (фото) „Животниот пат со сопругот нè донесе во Германија. Живееме во помал град, на гра...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg