На гости кај Ивана во САД: Куќа на Македонка oд 550m2, со симпатичен надворешен простор со скара (фото)
- Детали
- сабота, 15 октомври 2022
„Како економист, немам големо познавање во областа на уредување ентериери, но едно знам - за создавање на топол и удобен дом не е потребно ‘школо’. Потребно е многу љубов, слога, почит и разбирање, а ние го имаме тоа“, вели за CRNOBELO.com Ивана, која веќе 5 месеци живее во градот Краун Поинт во Индијана со сопругот и синот.
Ивана (25) е дипломиран економист, мајка и сопруга, која со семејството живее во градот Краун Поинт (Crown Point) во Индијана, САД.
Веќе 5 години е во брак со сопругот Денис, а тој веќе преку 12 години живее во Америка, а Ивана и синот отишле пред 5 месеци.
Таа вели дека долгите разделби веќе се минато, па време било за нов заеднички дом и нов почеток.
За уредувањето на домот, Ивана открива за CRNOBELO.com:
„Во точно 550m2 е сместена нашата приказна наречена семејство. Доволно место за едно слатко палаво дете Адам, тато Денис и мама Ивана.
Кога го одбиравме домот, важно ни беше да биде функционален, доволно голем за нас тројца и со голем подрумски дел за дружба со пријателите.
Уредувањето на просторот е вештина и уметност каде го покажуваме карактерот и му даваме топлина на истиот.
Сопругот и јас сме љубители на рустикален и минимален стил, па така купувањето на мебел беше лесна задача бидејќи веќе знаевме дека ќе доминира дрвото.
Главната улога во одбирањето на деталите ја имаше синот Адам. Иако има само 2,5 години, но морам да признам дека знае што е убаво.
Три седмици се многу кратко време за да може да се среди сè до детаљ, но во глобала се гледа крајот на уредувањето.
Сопругот по струка е електро инженер, но со тоа се занимава само како хоби. Па, како што си носи редот уште од првиот ден домот го опреми со паметна технологија. Од врати, осветлување, топлење и ладење до камери и безбедност.