На гости кај Јована: Стан во Скопје со бели кујнски апарати и впечатлива маса од масивно дрво (фото)
Како и целиот стан, така и собата на Карло е во нежни тонови за да може лесно да се адаптира и кога ќе порасне и да не треба да правам големи измени во истата.
Монтесори кутиите за складирање на играчки од ИКЕА се „must-have“ за секоја детска соба. Монтесори принципот всушност е метод на уредување на ентериер/соба за дете така што секој предмет/играчка ќе биде лесно достапна на детето, а со тоа ќе го забрзате патот на детето кон неговата независност.
Вградениот плакар е изработен по нарачка од иверка во нежна светло крем боја со декоративни рачки.
Додека ја планирав и уредував собата на Карло размислував малку порационално во однос на некои работи како на пример со плакарот. Избрав да биде голем и вграден за да може истиот да го користи и кога ќе биде голем, бидејќи доколку направев или купев некој мал детски тој ќе требаше да го заменам за 2-3 години со поголем.
Креветчето е купено од ИКЕА со две нивоа и истото може да се трансформира во отворено креветче со вадење на едната решетка.
Дополнителна нежност даваат млечните завеси и мекиот тепих. Тепихот одбравме да биде скоро колку целата соба за да може Карло лесно да лази/движи низ собата, без притоа да се повреди.“