На гости кај Драгана: Велигденска бајка во стан во Гостивар со јајца со природни бои (фото)

„Велигден, најубавиот христијански празник. Со себе носи мирис на спокој и радост во секој дом. Ги чествувам нашите празници, но најмногу токму овој. Бидејќи сум креативна душа, практикувам секоја година јајцата да ги бојам на различни начини, а и ставам многу украси и во секое ќоше од мојот дом се чувствува празничниот дух“, открива Драгана Ѓорѓиевска (31) од Гостивар за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-dragana-veligdenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-01.jpg

Драгана Ѓорѓиевска (31) живее во стан во Гостивар со сопругот и двете дечиња и во секој период од годината нејзиниот дом е тематски украсен.

Периодов таму е вистинска велигденска бајка со шарени јајца, зајчиња, колачиња и низа украси во духот на празникот.

Драгана открива за CRNOBELO.com:

„Велигден, најубавиот христијански празник.  Со себе носи мирис на спокој и радост во секој дом. Ги чествувам нашите празници, но најмногу токму овој.

na-gosti-kaj-dragana-veligdenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-13.jpg

Бидејќи сум креативна душа, практикувам секоја година јајцата да ги бојам на различни начини.

na-gosti-kaj-dragana-veligdenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-17.jpg

Оваа година се одлучив за нијансирање со природни бои како нашите баби и мајки во минатото. Мене ме навраќа на убавото детство, а верувам ќе ве потсети и вас.

na-gosti-kaj-dragana-veligdenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-14.jpg

Некои се цртани рачно со акварелни бои. Сините ги добив со помош на црвена зелка, кафеавите со лушпа од кромид, жолтите со цвекло , а виолетовите со малини и капини.

na-gosti-kaj-dragana-veligdenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-12.jpg

Со примеси на модерното и традиционалното мислам дека оваа година се полн погодок.

na-gosti-kaj-dragana-veligdenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-15.jpg

Љубител сум на декорации, па затоа во секое ќоше од мојот дом се чувствува празничниот дух.“

na-gosti-kaj-dragana-veligdenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-09.jpg

na-gosti-kaj-dragana-veligdenska-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-02.jpg

Повеќе фотографии од велигденските декорации на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Мартин и Маринела: Семејна куќа во Ново Село со празнично украсенa терасa (фото) „Во дневната соба фокусот е на декоративниот панел, а терасата секоја година ни ...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg