На гости кај Александра: Стан во Скопје во кој доминираат розовата и белата боја (фото)
Класичен ходник немам, па морав добро да внимавам во однос на оплеменувањето на делот кај влезот, каде ќе го одделам влезот од кујната и дневниот простор.
Затоа, на самиот влез е поставен чевларникот кој е лично моја замисла, го исцртав и испланирав така што ќе може да биде поделен на повеќе делови, каде ќе можам да ги поделам чевлите по сезони. Знаеме дека за една жена, местото за чевли никогаш не е доволно, но овде просторот е максимално искористен.
Купатилото е просторно, па успеав да го уредам токму онака како што замислував. Особено искористен ми е просторот над двете машини, каде можам да го ставам сето она што сакам да ми биде постојано на дофат.
Спалната соба сакав да биде едноставна и ненатрупана.
Пеглањето ми е домашна обврска во која не гледам големо задоволство, па во спалната опремив дел каде ќе направам катче во кое пеглањето ќе биде полесно и поинтересно.“