На гости кај Агнеса Органџиева: Стан во Скопје од 90m2 со уметничко дело на плафонот (фото)
- Детали
- сабота, 01 јануари 2022
„Станот е изработен со помош на архитект. Неговите визии заедно со моите ги склопивме во една многу интересна приказна. Секој детаљ зборува за минатото на Италија и сегашноста“, вели Агнеса Органџиева (38) за CRNOBELO.com.
Агнеса Органџиева (38), дипломиран правник, живее во стан од 90m2 во скопската населба Кисела Вода.
Периодов таму владее вистинска новогодишна атмосфера.
За уредувањето на станот Агнеса открива за CRNOBELO.com:
„Идејата за уредување на овој стан е лично моја, бидејќи уживам во игрите на стилот.
Тука многу добро се гледа дека е модернистички со доза на стилски детали.
Станот е изработен со помош на архитект. Неговите визии заедно со моите ги склопивме во една многу интересна приказна.
Секој детаљ зборува за минатото на Италија и сегашноста.
Инспирација оттаму е уметничкото дело што е поставено на плафонот со помош на вакуум, како и големата силуета во дневниот престој.
Во овој стан секој детаљ ми е омилен бидејќи каде и да седнам или застанам убавината и енергијата е иста.“