На гости кај Елеонора: Стан од 72м2 во Скопје со детали во златна боја (фото)
- Детали
- сабота, 27 ноември 2021
„Поголемиот дел од ентериерот си го смислив сама. Бањата е целосно моја идеја и поради тоа сум многу горда како испадна. Како извор на инспирација ја користев платформата Пинтерест“, вели 28-годишната Елеонора Гигоска од Скопје.
Елеонора Гигоска (28) има завршено на Финки и работи како Проектен менаџер во ИТ софтверска компанија.
Таа со свршеникот живее во одлично уреден стан од 72м2 во скопската наслеба Влае.
За уредувањето на станот Елеонора споделува за CRNOBELO.com:
„Поголемиот дел од ентериерот си го смислив сама, но дополнително ми помогна аркитект за некои идејни решенија и дизајнот на станот.
Уште пред да почнам да го уредувам станот знаев дека „must have“ е жолта софа во дневната соба.
Во останатиот дел од станот преовладуваат светли бои и тонови.
Речиси целиот мебел е правен по нарачка сè со цел да се вклопи добро во станот.
Бањата е целосно моја идеја и поради тоа сум многу горда како испадна. Како извор на инспирација ја користев платформата Пинтерест.
Преовладуваат златни украси и секогаш се обидувам да имам украсено во зависност од периодот од годината или празниците кои следуваат.