На гости кај Александра: Стан во Скопје од 45m2 со земјени тонови и мини библиотека
- Детали
- сабота, 06 февруари 2021
„Уживам во бои кои шират топлина и удобност. Сѐ во станот беше веќе замислено со бохо „cozy“ детали и заедно со партнерот идеите ги претворивме во реалност“, вали Александра за својот стан во скопската населба Ѓорче Петров.
Aлександра од Скопје е дипломиран педагог и работи како одделенски наставник. Со партнерот живее во стан во Garden Inn Residence во населбата Ѓорче Петров. Станот е со големина од околу 45м2.
Таа обожава земјени тонови, многу детали и сезонско уредување на домот.
Со неа проговориме за начинот на уредување за кој се одлучила:
„Секој дом има стилско уредување, кое е за почит, па така и нашиот си направи според нас своја единствена магична стилска приказна.
Идеи за ентериерот се собирани одамна бидејќи станот ми е долгоочекуван чекор кој морав конечно да го реализирам, а креативноста си ја имам во душата и си стоеше тој концепт.
Уживам во бои кои шират топлина и удобност. Сѐ во станот беше веќе замислено со бохо „cozy“ детали и заедно со партнерот идеите ги претворивме во реалност.
Архитектот доби слика до најситен детаљ за сѐ каде му е место.
Хоби ми е декорирање, па оттаму и таа креативност. Знам да менувам детали и бои.
Само неколку месеци во овој стан сменив две сезонски уредувања.