Во домот на Александра: Стан во Скопје во кој сите соби се со различен стил (фото)
- Детали
- сабота, 30 јануари 2021
„Станот го реновиравме од темел и имавме ограничен буџет, па не вклучивме архитект, туку сите идеи се наши, со сопругот. Дневната е класичен елегантен стил со златни детали и индустриски црн метал, а најмногу се радувам за зелените велвет софи“, вели 29-годишната Александра.
Александра Пренџова е 29-годишна девојка, по професија диетолог, која со сопругот и синчето живее во стан во Скопје од 67 м2.
Таа открива дека секоја соба ја уредувала во различен стил и дека идеи црпела од Пинтерест.
За уредувањето на нејзиниот стан за CRNOBELO.com вели:
„Сите идеи ги добив од со часови скролање по Пинтерест, станот го реновиравме од темел и имавме ограничен буџет, па не вклучивме архитект, туку сите идеи се наши, со сопругот.
Јас сум големо дете по природа, со голема имагинација, па не сакам едноличен стан или стан што секаде го прати истата тема‚ односно секаде ист стил на уредување.
Во нашиот стан сите соби имаат различен карактер, бидејќи сметам дека секоја соба е приказна за себе, па детската и спалната имаат сосема различен под од оној во дневна.
Пример дневната е класичен елегантен стил со златни детали и индустриски црн метал.
Од дневната најмногу се радувам за зелените велвет софи.