Љубовното гнездо на Кајли Џенер и Тревис Скот: Што сѐ има во домот на новопечената милијардерка? (фото)
- Детали
- понеделник, 29 октомври 2018
Славниот пар се поднови со раскошен имот во Беверли Хилс, не штедејќи пари за луксуз и гламур. Овде ќе живеат со ќеркичката Сторми Вебстер.
Најмладата членка на фамилијата Кардашијан, наскоро ќе се пресели во новиот дом во Лос Анџелес. Кајли Џенер и Тревис Скот одлучија да инвестираат дури 13.45 милиони долари за своето ново љубовно гнездо. Станува збор за градба од 1971 година.
Последен пат е откупена во 2012 година, кога нејзината вредност била проценета на нешто повеќе од 6 милиони долари. По реновирањето, пак, одново е ставена на продажба, но по повисока цена од 16 милиони долари.
Гласините се дека наводно старлетата и раперот, заеднички учествувале при купувањето со еднаков износ на пари. Куќата им нуди максимална приватност и интима, затоа што е окружена со високи ѕидини и капија.
Во ентериерот, пак, располага со шест спални соби и девет бањи, простран дневен престој и професионална кујна. Горниот кат го сочинува огромната спална соба со две купатила и два ормани во кои може да се чекори (со површина на стандардна соба), како и тераса.
Имотот содржи и теретана, канцеларија, домашно кино, библиотека и просторија за вина, голем базен, гаража за три автомобили и гостинска куќа. Дизајнот е навистина спектакуларен – модерен, а зрачи со топлина. Како ви се допаѓа вам?
Погледнете ги сите фотки во галеријата – пред да дадете конечна оценка за семејниот дом на новопечената милијардерка:
М. А. | Црнобело