Mикс од тиркизни и пудрести нијанси: Женствен стан по вкус на тренди дама (фото)
- Детали
- недела, 01 април 2018
Ентериерот претставува суптилна комбинација на нежни пастелни бои и елементи од светло дрво, а зачинета е со меки ткаенини, мноштво цветни мотиви и фини украси.
Постојат женствени простори на кои е тешко да им одолеете. Еден таков е и домот што може да го погледнете на фотографиите во продолжение.
Станува збор за стан што е уреден е согласно желбите и потребите на тренди дама која живее сама.
Поточно, за фенси жена со чувство за естетика, која покрај комфор и функционалност, посакува и катче што стилски ќе ја отсликува нејзината индивидуалност и начин на живот.
Во конкретниот пример, светлиот мебел и елегантниот дизајн создаваат впечаток дека просторот е многу поголем одошто навистина е.
Отворениот распоред на дневната соба и кујната, со трпезарија помеѓу нив, пак, овозможува и повеќе од доволно место за пријатен престој на станарката.
Наместо големи плакари, складишта се добиени со воведувањето на комоди, без задушување на амбиентот со прегломазни елементи.
Па, целиот амбиент изледа мошне чисто, компактно и хармонично.
Наспроти белата и беж тоновите, направен е суптилен микс од тиркизна, ментол и пудресто розова боја, а дополнителна динамика внесуваат впечатливите тапети со флорален дезен, како и златните акценти.
А, што и како е скоцкано внатре, ѕирнете во галеријата со фотки. Од клупа покрај прозорецот па до мини канцеларија во ходникот, станот навистина крие изобилство од убави идеи:
М. А. | Црнобело