10-те најубави простори кои можете да ги изнајмите на Airbnb
- Детали
- среда, 06 јули 2016
Од приватни острови до прекрасни огромни замоци - некои простори кои можете да ги изнајмите на Airbnb едноставно го одземаат здивот и веднаш посакувате да се најдете некаде далеку на некоја нова, егзотична дестинација.
Ова се едни од најинтересните работи кои можете да ги изнајмите на Airbnb:
1. Приватен остров
Островот „Bird“ се наоѓа во близина на крајбрежјето на Белизе и на него ќе се чувствувате како да сте единствени во светот.
2. Куќата огледало
Во Пенсилванија можете да изнајмите интересен уметнички дом кој целиот е препокриен со огледала.
3. Куќата во форма на школка
Оваа куќа претставува уникатно архитектонско дело кое можете да го изнајмите, а се наоѓа на островот „Isla Mujeres“ во Мексико.
4. Куќата на дрво
Во Атланта, Џорџија можете да го разбудите детето во себе и да престојувате барем на еден ден во куќарката изградена на дрво.
5. Куќата бамбус
На Бали има огромен дом целиот направен од бамбус на кој имате и свој приватен готвач. Звучи примамливо?
6. Замок
Дали некогаш сте сонувале барем на еден ден да живеете во замок? Овој замок од 19-от век во Англија прима 30 гости.
7. Коцка
Ако сте фанатик за неверојатни архитектонски дела, тогаш сигурно ќе посакате да се најдете во Ротердам каде неколку коцки се споени за да креираат уникатен ентериер.
8. Собата меурче
Во Франција можете да уживате под ѕвезденото небо во простор целиот направен од стакло.
9. Спалната на Ван Гог
Во Чикаго можете да спиете во реплика од делото на Ван Гог - „Собата“.
10. Опседната куќа
Во Мисури можете да престојувате во дом изграден уште во 1860-та година кој стотици години наназад се вели дека е опседнат.
Н. Г. | Црнобело