Женски засолништа за целосно опуштено уживање
- Детали
- недела, 08 мај 2016
Кога ги прашувате мажите како сакаат да изгледа нивното машко засолниште, односно пештера, вообичаено добивате слични одговори – мини фрижидер полн со пиво, видео игри, можеби пикадо или маса за билијард...
Но, жените по ова прашање се малку поразлични.
Тие ја ценат удобноста, естетиката на просторот, уживаат во вкусно наместени простори, кои зрачат со топлина и сигурност, каде што можат да се опуштат, да се релаксираат, да уживаат во самотијата, но и да читаат на мир, да цртаат или да споделат шолја кафе или чај со омилените пријателки.
Уживајте во овие женски засолништа направени според вкусот на понежниот пол, со многу сончева светлина и позитивна аура.
(О)Милена | Црнобело