Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Машки стан во изразена сина боја (фото)

Денес ви прикажуваме стан со доминантна сина боја, наменет за млад човек кој сака да поминува време со пријателите дома. 

Maski-stan-so-izrazena-sina-boja-01

Младиот сопственик имал неколку интересни барања за дизајн на ентериерот, чие извршување сметаме дека ќе ви биде интересно.

Основната задача на дизајнерите била да создадат светол ентериер во модерен стил, користејќи евтини материјали за декорација, мебел и опрема, без никаква трага од класичен стил.

За да го постигнат тоа, дизајнерите планирале уривање на дел од ѕидовите, а целта била создавање на живеалиште со неколку лесно достапни зони.

На пример, голем дел од ѕидот помеѓу кујната и дневната соба е отстранет со цел создавање на една поудобна и поинтересна соба. Омилената боја на младиот човек е сина и како што можете да забележите дизајнерите го почитуваат тоа.

Во малата дневна соба е поставена двојна софа, масичка, модуларен дел, голем телевизор и голема декоративен камин. Кујната е составена од мебел со вграден фрижидер, шпорет, скриена машина за перење, а има дури и трпезариска маса.

Спалната соба е многу мала и таму работите се погусто поставени, но пак за сметка на тоа е многу удобна.

Неутралните бои ѝ даваат простор на собата, а богатството на системи за складирање помагаат на сопственикот да заборави за ограничениот простор.

Балконот е искористен така што е поделен на два дела - едниот за работа, а другиот за рекреација. Зоната за одмор е опремена со мала маса и две столици, а работниот дел е логично опремен со биро и полици за документи и книги.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул нов локал во Скопје: Тапас бар со црвена врата и ѕидови што „приказни раскажуваат“ Ако ви здодеа од старите локали, тогаш на Илинденска ќе наидете на нешто ново - ...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...
Дворче во скопско мами воздишки: Со базен од природен камен и елементи од пелети Базен од природен камен, летниковец, многу зеленило и цвеќиња... Ова дворче во с...
Урбано катче: Ново кафуле во Лептокарија со совршен ентериер (фото) Дали и вие сте „дежурен пребарувач“ на Инстаграм за нови локали во градот? Ако е...
Ресторан во Будимпешта кој ќе ве врати во минатото – раскошен ентериер за најубавите Инстаграм фотки Една од омилените атракции на туристите во Будимпешта е локалот New York Café ка...
Дворче во демирхисарско е вистински рај за очи – Драган Петковски 10 години напорно работел за да го... Дворчето на Драган Петковски во демирхисарското село Прибилци мами воздишки со с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg