Бисер во срцето на џунглата: Идеално летно бегство од метежот

Во потрага сте по скришно место во кое ќе можете да побегнете од гужвата и топлите временски бранови во летните денови? Тогаш ова одмаралиште сместено длабоко во срцето на џунглата е идеален избор за вас!

biser-vo-dzunglata-idealno-letno-begstvo-od-metezot-01.jpg

Во последно време Punta de Mita станува станува навистина популарна локација, исполнета со туристи и гламур.

Но, вистинскиот бисер е внатре во неа, прекрасниот Imanta Resort, одмаралиште кое нуди едно сосема поинакво искуство.

Исполнет со шарм, објектот ви нуди безброј уникатни можности меѓу кои и да уживате во беспрекорната природа со огромна приватност, додека однадвор сте опколени со 250 хектари џунгла, а пак во ваша близина имате рајски плажи.

Imanta Resort-от важи за едно од најдобрите еколошки одмаралишта и синоним за префинет, но егзотичен луксуз.

Како и се што е поврзано со ова одмаралиште, дури и сместувањето е неверојатно.

Станува збор за 12 вили направени од необработен камен и дрво, опремени со модерен мексикански мебел и други непоходности, како висококвалитетни кревети и постелнини и најмодерни бањи.

Ѕвездата, односно главната атракција на одмаралиштето е неговиот ресторан. Познат под името “Tupika”, ресторанот е сконцентриран на свежите и фантастични јадења. Додека уживате во звуците на брановите, подгответе се да го пробате кафето со скара и различните морски специјалитети.

Бидејќи луксузот никако не смее да се поврзе со досадното, одмаралиштето исто така има осмислено и бројни активности за неговите гости.

Спа сесии, набљудување на китовите, нуркање, ловење риби, играње голф, јавање на коњ и уживање во глетката на раскошните птици...

Автор: Е. Г.

Би можело да ве интересира:

9 ресторани во Ниш за викенд ручек (со врвна скара и дуњовача) Ммм, одлична скара и ракија од дуња... Звучи привлечно, зарем не? Ајде на викенд...
Најубавиот ресторан над Которскиот Залив – се стига со жичница, има неверојатен поглед На планината Ловќен над Котор, се наоѓа најубавиот ресторан со магичен поглед ко...
Ресторан во Свети Николе е вистинска велигденска бајка со зајчиња и многу шарени цвеќиња Со многу шарени цвеќиња, меѓу кои доминираат црвената и розовата боја и двор укр...
Локал во Стара чаршија служи „кафе во боја“: Совршен за уживање и на сонце и на дожд Cuba Coffee во скопската чаршија е автентично место каде што може да испиет...
Летна бајка во кафулето со розово Фиќо во Вевчани - три фламинга и многу цвеќе за кул фотки Познато како „кафулето со розово Фиќо“, Клуб Зи во Вевчани и ова лето е вистинск...
Goupil Le Fol – Кафуле во срцето на Брисел кое потсетува на музеј На неколкуте ката и тесните премини и скали ќе откриете ѕидови натрупани со книг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg