Италијански модернистички дизајн: Домот на Роберто Кавали
- Детали
- среда, 27 мај 2015
Како изгледа домот на еден од најпознатите модни дизајнери? Одговорот е многу едноставен. Вистински италијански стил на раскош, модерност и отменост.
Сместена во срцето на Фиренца овој куќа претставува еден од најскапите и најраскошните палати. Вистинско отелотворение на фантазерската креативна инспирација на дизајнерот.
Како што се отвораат портите се пристигнува до првиот импресивен призор. Метална основа во динамичен и комплексен дезен. Како една голема кутија во која чека пријатното изненадување.
Внатре во домот се пристигнува до стаклените рамки кои се обојуваат во најразлични бои од смарагдно зелена до виолетова боја. Мермерни подови, стилски и модернистички скали, јарки бои и многу детали. На тој начин може накратко да се опишат првичните импресии од овој дом.
„Тоскана е мојот дом и мојот град. Само овде се чувствувам како да сум дома. Погледот кон градот секогаш ме смирува и тука знам дека припаѓам“ - вели познатиот дизајнер токму за овој дом.
Тука функционира комбинирањето за топлите бои со типичниот стил на Роберто Кавали, тигровиот и зебриниот принт. Куќата е преполна со мали и разновнидни теписи, дизајнерски метализиран мебел и секако, во натрешноста на куќата има прекрасен затворен базен во кој надоаѓа светлината од отвореното небо над него.
Дневната соба е во минималистички стил. Се состои само од два мали двоседа од плишано виолетов материјал над кој поставени се две слики – икони кои претставуваат приказни од Библијата.
Во средината на куќата смесетно е мини студиото каде Кавали често знае да припрема фотографии за неговите претстојни ревии.
Погледенте го домот на ово моден дизајнер: