Станот на Кристијан Греј изгледа баш како што го замислувавте (фото)
- Детали
- понеделник, 02 февруари 2015
Во исчекување на филмската премиера на „50 нијанси на сиво“, нетрпеливите фанови сакаат да го откријат секој ситен детаљ пред време. Затоа, неодамна им беше понудено виртуелно разгледување на станот во кој живее згодниот Кристијан Греј.
Разгледувањето започнува во приватен лифт, од каде продолжувате во мермерната дневна соба.
Гласот на Кристијан Греј (Џејми Дорнан) ве води до грандиозното пијано, бронзената статуа и минималистичкиот мебел.
За да ве расположи, Греј „ви нуди“ пијачка - џин-тоник, космополитен или маргарита.
Кликнете тука и за момент ќе се најдете во добро познатиот приватен лифт на згодниот Кристијан Греј.
А во продолжение погледнете го најновиот трејлер за „50 нијанси на сиво“ промовиран на Super Bowl 2015: