Ова го нема во Македонија! Ќе погодите што прават овие луѓе?

Некаде во светот луѓето не се собираат само за протести, туку и за да си помогнат едни на други. За бездомниците не се собираат средства само за повремено јадење и облекување, туку се бара начин како навистина да им се помогне.

ova-go-nema-vo-makedonija-kako-si-pomagaat-lugjeto-vo-svetot-01

Во Медисон се собрале повеќе луѓе кои решиле да изградат монтажни куќички за бездомниците. Тие се мали, но прават голема разлика во животот на семејствата кои претходно живееле на улица.

Не само што ги заштитуваат од студот и дождот, туку им даваат безбедно место  каде можат да се заштитат од сè што се случува надвор, имаат можност да бараат работа, да одат на училиште и да размислуваат за подобар живот.

Волонтерите коишто работат на овие куќички ги има од сите возрасти. Си помагаат едни на други и сите работат како еден. Внимаваат на сите детали, од изолација и хигиена  па сè до цвеќињата, убавите мали огради и тераси. Сите се сместени на едно место за да имаат можност и за меѓусебно дружење.

За време на празниците, особено божиќните имаат посебно осветлување и украсно дрво.

Пример кој треба сите да го следат, да се има сочувство и за другите и за заборавените, затоа што секој заслужува топлина и дом.

Мислите дека вакво нешто би можело да се направи и во Македонија?

Би можело да ве интересира:

10 мали локали во Скопје со душа – идеални за утринско кафе или појадок Имаат по неколку масички, со љубов уредени, а во нив опива мирис на квалитетно к...
Локали низ Македонија кои се украсени како во есенска бајка – кочија со суви лисја, фиќо со тикви Во некои од локалите владее пријатен, есенски амбиент со многу тикви и суви лисј...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...
На гости кај Ивана во Скопје: Стан од 76m2 реновиран од корен, со розови детали и тераса како градин... „Омилен детаљ ми се фотографиите од Михаил Корубин кои со нивниот колорит даваат...
Идеи како ја да уредите дневната соба: Пастелни бои и минималистички стил (фото) И на домот повремено му треба „освежување“. Некогаш е доволно да ставите барем е...
На гости кај Ване Маркоски: Стан во Сопиште на 540m надморска височина во минималистички стил „Одлуката да се преселам малку подалеку од центарот на Скопје не беше тешка, има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg