Куќа со тераса од 360 степени: Замислете го погледот...
- Детали
- четврток, 17 септември 2015
Сместена во зелена област над градската гужва во Австрија, дизајнерското дело House By The Lake нуди неверојатен поглед на околната област од сите можни страни и агли.
Куќата има бетонска конструкција и идентична е од сите 4 страни.
Балкони на горниот кат и поткровјето изгледаат како додатоци кои се протегаат точно 360 степени околу куќата, за семејството кое живее во неа да има секогаш беспрекорен поглед од било кое катче во домот.
Оваа куќа вбројува дневна соба во која минимализмот го има главниот збор, трпезарија, кујна и повеќе спални соби со истите карактеристики.
Се на се, изгледа малку постудено и модерно од просечното, но ништо не се мери со утринскиот поглед или заоѓањето на сонцето...
Би можело да ве интересира:





