10 приватни базени кои го одземаат здивот
- Детали
- четврток, 23 јануари 2014
Можеби моменталните температури не го најавуваат летото, но денес одлучивме да ве стоплиме и разладиме во едно, кога веќе во зимата немаме шанса да уживаме.
За ова контрастно уживање ги одбравме 10те најубави приватни базени кои за момент ќе ве натераат да си фантазирате како би било кога би ги имале во дворот...
1. Базенот во облик на виолина е единствен од овој тип, изработен по детално барање на купувачот. Изгледа како верна реплика на вистинска виолина со гудало, а во самите жици се вградени LED светилки кои додатно го разубавуваат погледот.
2. Внатрешниот базен изграден во средината на спа комплекс важи за еден од најскапите и најлуксузни во светот. Опкружен со сауна и тропски тушеви, задоволството е уште поголемо. Но, доколку ентериерот ви се допадне за бал или веселба, тогаш базенот се покрива со тврда плоча, која за момент го претвора во подиум.
3. Најскапиот американски базен се градел речиси половина година, а цената на изработка достигнала висина од милион долари. Освен водопадот и фонтаната, составен дел од овој воден проект е и тобоганот висок 5 метри и џакузи кое собира 15 личности.
4. Бесконечниот базен со раскошен поглед на крајбрежјето на Cape Town го одзема здивот. Во тоа помагаат и околните висечки базени кои создаваат чувство дека сте во средината на океанот, а сте на својата тераса. Одличен спој на естетика, елеганција и луксуз!
5. Базенот кој се наоѓа на кровот на некогашното училиште, сега приватен дом, дефинитивно нуди еден од најнеобичните погледи на околината. Бесконечното небо од трите страни, а замокот од едната страна се одличен контраст на бои и стилови кои совршено го надополнува уживањето.
6. Станот за една личност со должина од 8 метри успеа да вметне и прекрасен базен. Базенот со провиден под се наоѓа на кровот, а светлината од него се прекршува низ целиот стан.
7. Базенот во облик на L буквата е еден од ретките кој одлично се спојува со природата. Прекрасното зеленило со кое е опкружен и провидните рамки на базенот создаваат визуелна бесконечност и ја претвораат оваа куќа во уметничко дело.
8. Базенот кој се наоѓа буквално во домот, поточно во дневната соба е најхрабриот потег некогаш направен во уредувањето на ентериерот. Но, воедно е и најмагичниот поглед кога ќе седнете на фотелјата.
9. Мини водениот парк кој и припаѓа на Селин Дион се најде на 9то место заради тоа што е еден од ретките приватни водени паркови. Освен со базени, Селин Дион располага со водени трамбулини, куќичка на дрво, 2 тобогани и огромен кошаркарски и тениски терен.
10. Топлиот, рустикален и навидум природен базен ќе ве воодушеви. Признајте, и вие би ги спакувале куферите и би отпатувале во оваа богата, природна идила.