Во внатрешноста на овој дом се крие зимска магија!
- Детали
- вторник, 21 јануари 2014
Под името „Дом на надежта“ оваа куќа е сместена во рибарското гратче Cornish во Англија. Опкружувањето и беспрекорната природа во ова гратче е инспирација за ентериерот во кој ќе се заљубите на прв поглед.
Овој монохроматски, сиво-бел дом изобилува со топли, рустикални детали - од дрвени даски на подот кој изгледаат како прекриени со морска сол, преку старинскиот бел брод и школките, па сè до удобниот мебел со ретро дух.
Оваа прекрасна куќа е изградена во 1800 година и тоа на темели од 17 век, а располага со 3 спални соби, 2 тоалети, дневна соба и кујна на првиот кат.
Колоритната монотонија не делува здодевно, напротив, смирувачка е и пријатна. Она што ја надополнува дефинитивно се необичните дрвени детали, стариот глобус, декорациите на прозорците, каминот и лустерите.
Ако некогаш ја имате таа среќа да го посетите ова мало рибарско гратче, еве во што ќе имате можност да уживате: