На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни детали (фото)
Интимниот дел од станот, спалните соби, работната соба и бањата се уредени со едноставен мебел од бел медијапан со сјај.
Присутни се повеќе огледала што даваат визија на поголема комоција.
Пердињата и драперите во спалните даваат чувство на елеганција и топлина.
Ѕидовите во гостинската спална се збогатени со уметнички дела изработени од ќерка ми Даница.
Ѕидот во големата спална е збогатен со тапети во класичен дизајн и огледала во рамки.
Во извршувањето на уредувањето главна улога имаше нашиот син Наско, кој комплетно го изработи целиот мебел за двете спални, работната соба и бањите, сопругот Ѓорги кој му помагаше во монтирањето, а јас и ќерка ми ги одредувавме боите и распоредот на елементите“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело