Локал во Стара чаршија служи „кафе во боја“: Совршен за уживање и на сонце и на дожд
- Детали
- среда, 06 март 2024
Cuba Coffee во скопската чаршија е автентично место каде што може да испиете кафе „во боја“ кое ќе ви го сервираат со колаче или да уживате во некој коктел.
Во Старата скопска чаршија, во делот со симпатични мали локали, се наоѓа и Cuba Coffee.
Навистина не е важно дали надвор грее сонце или врне, локалот нуди можност за вистинско релаксирање во секое време од годината.
Во пролетните и летни сончеви денови вашиот пијалак можете да го испиете на една од масите на отворено.
Кога студи или врне тогаш може да уживате во затворениот дел, кој има интересен ентериер со дрвени маси и впечатливи уметнички слики.
Ова е автентично место каде што може да испиете кафе „во боја“ кое ќе ви го сервираат со колаче или да уживате во некој коктел - изборот е ваш.
Погледнете дел од атмосферата во Cuba Coffee:
А. Ј. | Црнобело