Во домот на Тео од Скопје: Шик уреден стан во кој се спојуваат бохо и скандинавскиот стил со најновата паметна технологија

Во дневната соба ми е омилената фотелја која е во форма на клацкалка.

Тука е и привремена работна маса и столче кои служат како домашна канцеларија, а каде се наоѓа и пренослив бел iMac од 2023-та година.

Но 'домашната канцеларија' и компјутерот уредно се складираат и кријат под и зад софата кога не се користат.

vo-domot-na-teo-od-skopje-shik-ureden-stan-vo-koj-se-spojuvaat-boho-i-skandinavskiot-stil-so-najnovata-pametna-tehnologija-16_copy.jpg

vo-domot-na-teo-od-skopje-shik-ureden-stan-vo-koj-se-spojuvaat-boho-i-skandinavskiot-stil-so-najnovata-pametna-tehnologija-20.jpg

Софата, која потсетува на бојата на морето, предизвикува релаксација и удобност заедно со многубројните меки перничиња и плетеното ќебенце.

Темно сивата боја на ѕидот во дневната соба создава чувство на експанзивност и пространост, што го прави просторот многу поголем од што е.

На спротивната страна од обоениот ѕид е 72-инчен телевизор со бела конзола и со дрвени ногарки.

Големата дрвена подна светилка дава убав допир на пријатна топла светлина, а на таванот има лустер инспириран од плетена корпа.

vo-domot-na-teo-od-skopje-shik-ureden-stan-vo-koj-se-spojuvaat-boho-i-skandinavskiot-stil-so-najnovata-pametna-tehnologija-23.jpg

vo-domot-na-teo-od-skopje-shik-ureden-stan-vo-koj-se-spojuvaat-boho-i-skandinavskiot-stil-so-najnovata-pametna-tehnologija-10.jpg

Облеката и обувките се паметно поделени помеѓу влезниот ходник и ходникот поставен помеѓу тоалетот и спалната соба.

Влезниот ходник има декоративен простор за складирање чевли, кој истовремено служи како клупа за седење додека ги облекувате чевлите.

Во истиот елемент се складирани и сите алатки и средства за чистење.

vo-domot-na-teo-od-skopje-shik-ureden-stan-vo-koj-se-spojuvaat-boho-i-skandinavskiot-stil-so-najnovata-pametna-tehnologija-29.jpg

vo-domot-na-teo-od-skopje-shik-ureden-stan-vo-koj-se-spojuvaat-boho-i-skandinavskiot-stil-so-najnovata-pametna-tehnologija-24.jpg

Во другиот ходник има грандиозен шкаф со засивено огледало, кој достигнува од подот до таванот, а тоа го зголемува просторот визуелно.

Во тој плакар се сместени сите облеки и костими за дрег настапите.

vo-domot-na-teo-od-skopje-shik-ureden-stan-vo-koj-se-spojuvaat-boho-i-skandinavskiot-stil-so-najnovata-pametna-tehnologija-28.jpg

vo-domot-na-teo-od-skopje-shik-ureden-stan-vo-koj-se-spojuvaat-boho-i-skandinavskiot-stil-so-najnovata-pametna-tehnologija-33.jpg

Спалната соба зрачи луксуз со кралски кревет со димензии 180x200cm, елегантна подна ламба од дрво и бел метал, наткасни покрај креветот со дрвени ногарки и телевизор поставен на аголот од собата со приспособливо позиционирање.

Минт зелениот ѕид во спалната соба додава ладен и освежувачки допир, во комбинација со органската мека постелнина.

На таванот има голем бел метален лустер кој испушта пријатна светлина во просторот за спиење.

vo-domot-na-teo-od-skopje-shik-ureden-stan-vo-koj-se-spojuvaat-boho-i-skandinavskiot-stil-so-najnovata-pametna-tehnologija-44.jpg

vo-domot-na-teo-od-skopje-shik-ureden-stan-vo-koj-se-spojuvaat-boho-i-skandinavskiot-stil-so-najnovata-pametna-tehnologija-41.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg