Во домот на Невена и Тодор: Стан во „Ѓорче Петров“ со златни детали, уреден со идеи од Pinterest
Ходникот е бел со златни детали, а спалната соба ни е светло сива со детали од дрво.
Имаме уште една соба која во моментов е магацин, но ќе биде пренаменета во детска соба кога ќе дојде уште еден член во семејството Григорови.
Станот го уредувавме сами, без архитект, а идеи црпевме и од Pinterest.
Омиленото катче ни е различно на двајцата.
Тодор ги обожава дневната и кујната, а јас најмногу уживав да поминувам време на терасата и во дневната.
За нас двајца може да кажам и дека сме креативни, па многу детали во нашиот дом ги имаме изработено ние.
Во слободно време изработуваме украсни и миризливи свеќи, а во есен изработуваме украсни тикви“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело