Во домот на Невена и Тодор: Стан во „Ѓорче Петров“ со златни детали, уреден со идеи од Pinterest
- Детали
- сабота, 13 јануари 2024
„Идејата за уредувањето на нашиот стан е заедничка, моја и на сопругот. Сакавме да преовладуваат потемни тонови, има многу златни детали, но и украсни тикви кои ги изработуваме ние во слободно време“, вели Невена Григорова (28).
Невена (28) и Тодор (27) Григорови се медицинска сестра и доктор по општа медицина, кои живеат во населбата Ѓорче Петров во Скопје.
Од неодамна се во брак, а за CRNOBELO.com велат дека освен што обожаваат патувања, добра музика и книги, ги поврзува и љубовта кон украсните свеќи, кои ги има многу во нивниот дом, но и изработката на украсни тикви, која им е заедничко хоби.
Станот од 64m2 го уредиле по свој вкус, а многу идеи нашле и на Pinterest.
Невена ни раскажа за самото уредување:
„Идејата за уредувањето на нашиот стан е заедничка, моја и на сопругот.
Сакавме да преовладуваат потемни тонови за кујната и дневната соба.
Па така, во домот преовладува темно сивата боја, во комбинација со дрво и златни детали.