На гости кај Ева Јакимовска: Стан од 65m2 во Скопје на поткровје со закосени тавани, во кој преовладува белата боја
Најмногу време поминувам во дневната соба и можеби тоа е и делот од станот за кој би можела да кажам дека ми е при срце.
Кујната, трпезаријата и дневната соба ми се една целина.
Во кујната се одлучивме да преовладува белата боја, додека трпезаријата ја разигравме со разнобојноста на трпезариските столчиња.
Јас сум личност која не сака шаренило, би се одлучила за една до две бои, но, изборот на столчињата го направи своето - вистинска свежина при престојот.
Во дневната соба го имаме и совршениот баланс - полици со книги на едниот дел од ѕидот и винаријата со најразлични пијалаци на другиот.
Спалните соби главно се уредени за да ја имаат функцијата за која се и наменети - одмор и мирен сон.
Она што ми беше желба да го имам во спалната е мое катче за шминкање, простор кој е лично мој, а останатото се сведува на кревет и плакар.