На гости кај Симона: Современ стан во Скопје со доминација на темни тонови и совршено зајдисонце (фото)

„Главниот фокус во дневната соба е на масивната сива гарнитура од букле материјал, на која чувството е буквално како да лежиш на облачиња. Омилен дел од домот ни е кујната во темно сива боја, која ја надополнивме со црни апарати, магнетна чешма и остров, како и терасата со отворен поглед кон Скопска Црна Гора“, вели Симона (34) за уредувањето на нејзиниот стан во скопската населба Тафталиџе, каде живее со сопругот.

na-gosti-kaj-simona-sovremen-stan-vo-skopje-so-dominacija-na-temni-tonovi-i-sovrsheno-zajdisonce-foto-01.jpg

Симона (34) од Скопје со сопругот живее во стан од 65m2 во населбата Тафталиџе, во кој преовладуваат темните тонови и индустрискиот стил на уредување.

Вели дека омилен дел од уредувањето на домот ѝ се големата кујна, со многу простор за складирање, удобната гарнитура во дневната соба, но и шкафчињата во тоалетот, кои на совршен начин го кријат целиот „хаос“ од козметика.

За уредувањето на нејзиниот дом, Симона открива за CRNOBELO.com:

„Во овој стан со сопругот со вселивме неодамна, а во уредувањето доминираат сивата и темно сината боја. Се разбира, недостигаат уште многу детали.

na-gosti-kaj-simona-sovremen-stan-vo-skopje-so-dominacija-na-temni-tonovi-i-sovrsheno-zajdisonce-foto-42.jpg

Не сакавме да има дрво и сакавме индустриска нота, односно постуден изглед во ентериерот и го постигнавме тоа.

na-gosti-kaj-simona-sovremen-stan-vo-skopje-so-dominacija-na-temni-tonovi-i-sovrsheno-zajdisonce-foto-07.jpg

Еден ден ако ни стане монотоно, можеби ќе му дадеме доза разиграност на просторот со некоја фотелја во впечатлива боја, но засега тоа го правиме со зеленилото и деталите.

na-gosti-kaj-simona-sovremen-stan-vo-skopje-so-dominacija-na-temni-tonovi-i-sovrsheno-zajdisonce-foto-13.jpg

na-gosti-kaj-simona-sovremen-stan-vo-skopje-so-dominacija-na-temni-tonovi-i-sovrsheno-zajdisonce-foto-12.jpg

Од нашата „мини градина“ омилен детаљ ни е мандарината, наскоро ќе пристигне и дрвцето маслинка, додека терасата ја освеживме со шест зимзелени дрвца.

na-gosti-kaj-simona-sovremen-stan-vo-skopje-so-dominacija-na-temni-tonovi-i-sovrsheno-zajdisonce-foto-02.jpg

Главниот фокус во дневната ни е на масивната сива гарнитура од букле материјал, на која чувството е буквално како да лежиш или седиш на облачиња.

na-gosti-kaj-simona-sovremen-stan-vo-skopje-so-dominacija-na-temni-tonovi-i-sovrsheno-zajdisonce-foto-10.jpg

na-gosti-kaj-simona-sovremen-stan-vo-skopje-so-dominacija-na-temni-tonovi-i-sovrsheno-zajdisonce-foto-02_1.jpg

Овој простор го надополнивме со кружни масички, кои се лесни за преместување и навистина практични, како и со меко килимче во светла нијанса.

na-gosti-kaj-simona-sovremen-stan-vo-skopje-so-dominacija-na-temni-tonovi-i-sovrsheno-zajdisonce-foto-06_copy.jpg

na-gosti-kaj-simona-sovremen-stan-vo-skopje-so-dominacija-na-temni-tonovi-i-sovrsheno-zajdisonce-foto-09.jpg

Трпезариската маса е направена од мат ламинам, материјал за кој имам само пофални зборови, поради неговата издржливост, како и тоа што е лесен за одржување.

na-gosti-kaj-simona-sovremen-stan-vo-skopje-so-dominacija-na-temni-tonovi-i-sovrsheno-zajdisonce-foto-14.jpg

na-gosti-kaj-simona-sovremen-stan-vo-skopje-so-dominacija-na-temni-tonovi-i-sovrsheno-zajdisonce-foto-01_1_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Александра: Празнично украсен стан во Скопје, во кој е накитено дури и во кујната (фото... „Традиционално, украсувањето во мојот дом започнува од нејзиното височество - ел...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg