Како изгледаат некои од најубавите детски градинки низ Европа?

Инспиративни простори, места за слободни активности, училници кои се игриви и колоритни, но и кои оставаат простор за развој на детската имагинација.

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa-foto-01.jpg

Ова се само 5 од некои од најубавите градинки на просторот на Источна Европа – сите се уредени комфорно, но се сепак многу различни.

1. Градинка во Полска, село Адамов (проектирана од xystudio)

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa-02.jpg

Оваа градинка може да смести 50 дечиња. Зградата има две училници за групна работа и две игрални, уредено e едноставно и практично.

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa-01.jpg

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa-04.jpg

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa-03.jpg

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa-05.jpg

2. Градинка во Австрија (проектирана од Baukooperative)

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa-001.jpg

Сместена e во прекрасна планинска околина, направенa е комбинација од постоечка архитектура во регионот, во комбинација со модерни насоки.

Светли простории со природна светлина обезбедена од големи стаклени прозорци кои гледаат кон градината.

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa-002.jpg

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa-004.jpg

3. Градинка во Словенија (проектирана од Arhitektura Jure Kotnik)

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa_-_foto-0001.jpg

Оваа градинка има пространи простории за игра, поврзани меѓусебе со лизгачки врати со што децата лесно може да се мешаат – ова било и главен педагошки аспект при изработка на проектот.

Внатрешниот дизајн овозможува слободно движење на децата – сите соби со различни типови играчки се на располагање за секое дете. Зградата е направена од природни материјали и користени се многу бои.

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa_-_foto-0003.jpg

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa_-_foto-0002.jpg

4. Градинка во Австрија (проектирана од Innauer-Matt Architekten)

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa_-_foto-001.jpg

Во овој објект фокусот е на креирање мирна атмосфера, пријатно чувство и можност за комфор и релаксација во хармонија.

Природна светлина и рафинирани простории.

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa_-_foto-002.jpg

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa_-_foto-004.jpg

5. Градинка во Полска (проектирана од xystudio)

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa-foto-00001.jpg

Објект дизајниран за големината на децата. Влезот и кровот е на висина од 2.3 метри за да биде попријатно за дечињата. Прозорците, исто така, се поставени на висина на децата.

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa-foto-00005.jpg

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa-foto-00004.jpg

kako-izgledaat-najubavite-detski-gradinki-niz-evropa-foto-00002.jpg

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ресторан во Будимпешта кој ќе ве врати во минатото – раскошен ентериер за најубавите Инстаграм фотки Една од омилените атракции на туристите во Будимпешта е локалот New York Café ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg